- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Јавен повик бр. 01/15Дата на објава: 1 Септември 2015Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 25-б став 1 и став 2 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15 и 98/15) и Одлука бр.22-9011/1 од 26.08.2015 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Ј а в е н П О В И К бр.01/15 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари
I.ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Берово, Битола, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Куманово, Македонски Брод, Неготино, Охрид, Свети Николе, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Штип, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир. Предмет на постапката од Дел I став 1 на овој jавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп. Доколку предмет на понудата е земјоделско земјиште во државна сопственост на кое се подигнати долгогодишни насади истите треба да се со старост најмалку од три години. Додаток за превземање: |