- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ИЗВЕСТУВАЊЕВладата на Република Македонија преку надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува домашните правни и физички лица и странските правни лица заинтересирани за инвестиции во земјоделството во Република Македонија, дека на ден 15.12.2013 година ќе се распише Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Јавниот оглас ќе се однесува за 15 географски целини кои ќе се доделуваат како блокови. Географските целини кои ќе бидат предмет на Јавниот оглас се неделиви и се со следните катастарски податоци:
Географска целина 1. Намена: Лозови насади, дестилерија и откупен центар за отпад од винарии
Географска целина 2. Намена: Подигнување на овошен насад за органско производство, ладилник и откупен центар
Географска целина 3. Намена: Производство на добиточна храна
Географска целина 4. Намена: Овошни насади за ладно цедено масло
Географска целина 5. Намена: Лозови насади и подигање на винарски визби
Географска целина 6. Намена: Лозови насади, дестилерија и откупен центар за отпад од винарии
Географска целина 7. Намена: Лозови насади
Географска целина 8. Намена: Производство на ароматични растенија
Географска целина 9. Намена: Интензивно овоштарство
Географска целина 10. Намена: Интензивно овоштарство и оранжериско производство
Географска целина 11. Намена: Интензивно овоштарство
Географска целина 12. Намена: Интензивно овоштарство
Географска целина 13. Намена: Производство на ароматични растенија и масло од лаванда
Географска целина 14. Намена: Производство на овошни садници
Географска целина 15. Намена: Оранжериско производство
Останатите катастарски податоци за земјоделското земјиште кое ќе биде предмет на јавниот оглас а се содржани во имотниот, односно поседовниот лист за секоја површина се објавени на веб страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk Земјоделското земјиште предмет на огласот во зависност од видот на земјоделската култура која ќе се одгледува ќе се доделува во времетраење од: - подигање на маслинарници за период до 50 години; - подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години; - одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години; - ливади за период до 15 години. Времетраењето на закупот по истекот на времетраењето на склучениот договор за закуп, може да се продолжи со непосредна спогодба за закуп, под истите услови кои се наведени во претходниот договор, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од претходниот договор за закуп.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА јавниот ОГЛАС ЌЕ ИМААТ: Домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица треба да имаат регистрирано подружници во Република Македонија. На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности. Право на учество на јавниот оглас ќе немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Право на учество на јавниот оглас ќе немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.
ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ДОСТАВАТ СО ПОНУДАТА Е: а) за правни лица: - понуда за износот на годишната закупнина (образец од подрачна единица на Министерството) - доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица; - доказ за намирени обврски по однос на придонеси на плати и плати за вработените (потврда издадена од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, потврда издадена од Фонд за здравствено осигурување и уверение издадено од Управа за јавни приходи); - бизнис план кој задолжително треба да содржи: - висина на планирани инвестиции, - основни податоци за учесникот ( за понудувач домашно правно лице основано од странско правно лице и податоци за основачот. - целта за која ќе го користи земјиштето, - применета технологија: - број на вработени, - пазарни аспекти: - очекувани производно-економски резултати; - изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и - потврда од подрачна единица на Министерството дека нема обврски по однос на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште. - банкарска гаранција за учество во постапката. б) за физички лица: - понуда за износот на годишната закупнина (образец од подрачна единица на Министерството) - доказ за подмирени јавни давачки (уверение издадено од Управа за јавни приходи) - фотокопија од лична карта; - програма за користење на земјиштето која задолжително содржи - основни податоци за семејството, - техничко-технолошка опременост, - целта за која ќе го користи земјиштето, - пазарни аспекти - потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства или решение за регистриран вршител на земјоделска дејност (издадено од подрачна единица при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство или од фондот за пензиско и инвалидско осигурување за стекнато својство на осигуреник како индивидуален земјоделец) или доказ од централниот регистар за регистиран трговец поединец: - изјава за веродостојноста на податоците дадени со понудата заверена на нотар; - изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор - потврда од подрачна единица на Министерството дека нема обврски по однос на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште и - банкарска гаранција за учество во постапката. Потребната документација се доставува во оргинал или фотокопија заверена на нотар. Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што ќе бидат опишани во јавниот оглас.
БАНКАРСКИ ГАРАНЦИИ Банкарска гаранција за учество во постапката Банкарска гаранција за учество во постапката ќе треба да достават сите понудувачи на огласот и тоа заедно со понудата. Банкарската гаранција за учество во постапката мора да биде безусловна, неотповиклива и наплатлива на првиот повик со важност од 120 дена сметано од денот на јавното отворање на понудите по огласот. Банкарската гаранција за учество треба да е во висината на понудената годишна закупнина за геогравската целина. Банкарската гаранција треба да биде издадена од банка со седиште во Република Македонија или од странска банка, во кој случај странската банка треба да има најмалку БББ (или еквивалентен на него) кредитен рејтинг издаден од една од следните агенции за кредитен рејтинг MOODY’S INVESTORS SERVICE, STANDARD AND POOR’S RATINGS SERVICES или FITCH RATINGS. Во рок од 14 дена по склучувањето на договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост со избраниот понудувач, на неизбраните понудувачи кои учествувале во постапката им се враќа гаранцијата за учество во постапката. На избраниот понудувач банкарската гаранција за учество ќе му биде вратена после доставувањето на банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот. Гаранцијата за учество во постапката ќе се наплатува во корист на Министетството за земјоделство, шумарство и водостопанство ако понудувачот:
Банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот Банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот ќе биде должен е да достави избраниот понудувач и тоа во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот мора да биде безусловна, неотповиклива и наплатлива на првиот повик и треба да изнесува 5% од планираните инвестиции во понудата на избраниот понудувач, но не помалку од висината на годишната закупнина. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да биде издадена од банка со седиште во Република Македонија или од странска банка, во кој случај странската банка треба да има најмалку БББ (или еквивалентен на него) кредитен рејтинг издаден од една од следните агенции за кредитен рејтинг MOODY’S INVESTORS SERVICE, STANDARD AND POOR’S RATINGS SERVICES или FITCH RATINGS. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да е со важност за целиот период на траење на договорот Гаранцијата за навремено и квалитетно извршување на договорот ќе му биде вратена на избраниот понудувач во рок од 10 дена по истекот на договорот или по престанување на важење на договорот по сила на законот за земјоделско земјиште, доколку ги исполнил останатите пристиганти обврски од договорот.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА Понудата ќе се доставува на Образец за учество на јавниот оглас кој ќе биде достапен на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Еден понудувач може да аплицира на една или повеќе географски целини. Понудите ќе се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ Единствен критериум за избор на најповолен понудувач ќе биде: - највисока понудена годишна закупнина. Големината на површината на земјоделско земјиште која ке ја добие еден понудувач ке се утврди во зависност од материјално – техничката опременост на понудувачот и бројот на планирани вработувања тоа: - за површини до 50 хектари - најмалку 1 трактор од лесна категорија (до 80 kw) и најмалку еден планиран вработен во редовен работен однос; - за површини до 100 хектари – најмалку 2 трактори од лесна категорија или најмалку 1 средна (од 80 kw – 120 kw) и најмалку 2 планирани вработени во редовен работен однос; -за површина до 150 хектари - најмалку 4 трактори од лесна категорија или најмалку 2 средна или најмалку 1 тешка (над 120 kw) и најмалку 4 планирани вработени во редовен работен однос; - за површина над 150 хектари бројот / капацитетот на механизација сразмерно да расте со големината на површината која ке се обработува и на секој 50 хектари планирано по еден вработен во редовен работен однос Почетната цена изнесува 25 евра во денарска противредност за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од 5 до 8 катастарска класа, по среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата. Доколку има две или повеќе понуди за геогравска целина кои ќе ги исполнуваат условите од огласот, изборот на најповелен понудувач ќе биде по пат на електронско наддавање од страна на понудувачите кои ќе ги исполнат условите од овој оглас. Почетниот износ на елекронското наддавање е висината на највискоко понудената закупнина за геогравската целина доставена по јавниот оглас.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: + 389 (0)2 313 44 77, лице за контакт: г. Ѓорѓе Дишленковиќ, електронска адреса:[email protected] или да ја посетат веб страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk |