Јавен Оглас

Јавен оглас бр. 01/15
Дата на објава: 
11 Јуни 2015

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21-а од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14 и 72/15), по Одлука бр.22-6463/1 од 02.06.2015 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

 

Јавен ОГЛАС    бр.01/15

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

за површини над 10 хектари

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите Валандово, Гевгелија и Струмица за вкупна површина од 33 ха 11 ар  95 м2 и  тоа во:

Регион Валандово, Катастарска општина Казандол со вкупна површина од 11ха 71ар 89м2

Регион Гевгелија, Катастарска општина Негорци со вкупна површина од 12ха 16ар 37 м2

Додаток за превземање: 

Јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дата на објава: 
26 Мај 2015

Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Врз основа на член 4 став 1 од Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица (“Службен весник на Република Македонија” бр.72/2015), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува


Ј А В Е Н П О В И К
за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица

Додаток за превземање: 

Повик за изразување на интерес за земјоделско земјиште за Џумајлија во Република Македонија
Дата на објава: 
9 Март 2015

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.М. објавува повик за изразување на интерес со цел закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во Џумајлија, со површина од 4,435 ха (локација, источниот дел на Македонија). Целта на огласот е заинтересираните компании да достават писмо за интерес за инвестирање во земјоделскиот сектор.

 

Компаниите треба да достават бизнис план кој го вклучува следново:

- Износ на вкупните инвестиции;

- Опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата, и

- Планираниот број на вработени по години;

 

Со цел да се идентификуваат заинтересирани страни, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.М. ги поканува потенцијалните инвеститори да достават писмо за изразување на интерес.

Писмото за изразување на интерес треба да биде доставено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во електронска форма, рок за доставување: до 22 април 2015. (За дополнителни информации, слободно контактирајте ги контакт лицата).

 

Додаток за превземање: 

Јавен конкурс за изработка на риболовни основи
Дата на објава: 
23 Март 2015

Врз основа на член 16 и 77 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр.7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13 и 116/14)  и дел IV од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр.194/14), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

 

ЈАВЕН КOНКУРС

за изработка на риболовни основи

Додаток за превземање: 

ЈАВЕН КОНКУРС за јавно овластување на правни лица за вршење на стручна контрола
Дата на објава: 
3 Март 2015

Врз основа на членовите 59 и 60 од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 39/06 , 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13 и 43/14) Mинистерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

ЈАВЕН КОНКУРС
за јавно овластување на правни лица за вршење на стручна контрола над производството, постконтрола, испитување на сорти и лаборатории за испитување на квалитетот на семенски и саден материјал за земјоделски растенија и за земање и чување на референтните примероци од видови на сорти на земјоделски растенија – ген банка

Додаток за превземање: 

Syndicate content