Новости

Со потпишување на колективен договор до подобри услови за работа и повисоки плати
Дата на објава: 
28 Мај 2018
logo_mzsv.png

Денеска во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се одржа состанок со претставници од Шумската полиција.
На средбата се разговараше за потпишување на Колективниот договор, и при тоа беше договорено да се формира работна група за да се подготви Колективен договор кој што ќе придонесе за поголема ефикасност на Шумската полиција и зголемување на платите на вработените во Шумската полиција. Во Работната група ќе учествуваат претставници од Независниот синдикат на полицијата, Синдикатот на УПОЗ, како и претставници од МЗШВ. Документот кој што ќе произлезе ќе биде потпишан од двете страни.


Делегација од МЗШВ учествуваше на Агро-економскиот форум меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Литванија
Дата на објава: 
25 Мај 2018
33579987_1739113252812893_5871695755101601792_o.jpg

Прв пат после пет години Република Македонија се претстави со свој национален штанд на еден од најголемите саеми за земјоделство и прехранбена индустрија „Agrobalt“ што се одржува во Вилнус, Литванија. На штандот финансиран од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, неколку македонски компании ги претставија своите земјоделско-прехранбени производи.
Во рамки на саемот се одржа состанок во врска со Платформата на Европската унија и Форум на високо ниво околу загубите и отпадот од храна, како и 13-тиот Агро-економски форум меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (CЕЕC), на кој што една од темите беше дигитализација на земјоделскиот сектор, а на кои што учествуваше делегација од МЗШВ предводена од државниот секретар Нефрус Челику.


База на прашања за полагање на ловечкиот испит
logo_mzsv.png

Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18) и Правилникот за содржината на програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на надоместокот за полагање на ловечкиот испит и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит („Службен весник на Република Македонија“ 93/2018), стручната комисија за полагање на ловечки испит објавува База на прашања за полагање на ловечкиот испит.


Прашањата можете да ги превземете на следниот линк


Денеска се исплаќаат 235 милиони денари субвенции за тутунот од реколтата 2017
Дата на објава: 
23 Мај 2018
logo mzsv 1.png

Денеска ќе се исплатат 235 милиони денари или близу 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од реколтата 2017, на 3.828 тутунопроизводители.
Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела.
Минатата недела се исплатија 22 милиони евра или околу 80 отсто од вкупната сума за исплата на субвенции за тутунот, на 20.880 тутунари. Сумирано со денешната исплата, досега се исплатени близу 26 милиони евра за субвенции за тутунот од реколтата 2017 за 24.708 тутунари.


Утре исплата на 14 милиони денари субвенции за овошје, градинарски култури и дополнителни субвенции за праски и лубеници
Дата на објава: 
22 Мај 2018
logo_mzsv.png

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе изврши исплата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници.
Од оваа сума околу 2,5 милиони денари се за субвенции за произведено и продадено овошје во преработувачки капацитети кои ќе се исплатат на 147 лица, а близу 1,2 милиони денари за интервентната мерка за праски за 56 лица. Околу 9,3 милиони денари се за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети за 278 лица и над 1,1 милиони денари за интервентната мерка за лубеници за 26 лица.


Syndicate content