Соопштенија

ИПАРД - европски можности за Локален Економски Развој и улогата на Општините во Локалниот Економски Развој
Дата на објава: 
29 Октомври 2009

Утре, петок, 30 октомври, во 15,30 часот во Владата на Република Македонија, ќе се одржи работен состанок ,,ИПАРД - европски можности за Локален Економски Развој и улогата на Општините во Локалниот Економски Развој,,.

 

На состанокот ќе се изврши презентација на ИПАРД фондовите, улогата на општините и на советодавните служби  во нивносто спроведување.

 

Состанокот го организира Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, а на него ќе учествуваат претставници од Платежната агенција, од Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, како и градоначалници, претставници од општините и од ЛЕР тимовите.


Фармерите од југоисточниот регион се запознаа со условите за добивање средства од ИПАРД програмата
Дата на објава: 
28 Октомври 2009
SDC10526.JPG

И фармерите од југозападниот ден на Македонија се запознаа  со промотивната кампања ,,ИПАРД - европски можности за македонското земјоделство“. На промоцијата која ја организираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство а која се одржа во Струмица присуствуваа стотина фармери од југоисточниот регион. Тие се запознаа со можностите за добивање средства од претпристапните фондови на Европската унија за поддршка на земјоделството.


Ден на дрвото
Дата на објава: 
21 Октомври 2009
101_1100.JPG

Во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска беше оддржан координативен состанок со претставници на граѓанското здружение ,,Ден на дрвото,, и од шумарскит факултет во Скопје.На состанокот кој го водеше министерот Љупчо Димовски се договорија конкретни активности кои што треба да се превземат за реализација на граѓанската акција ,,Ден на дрвото,, што треба да се оддржи во средината на ноември годинава.Министерството беше кажано ќе ги координира јавните претпријатија за шуми и за пасишта за изнаоѓање на локации за пошумување,а подрачните единици на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ќе изврши уште една  проверка директно на терен.


Поддршка од 12 милиони денари за доматите предадени во преработувачките капацитети
Дата на објава: 
14 Октомври 2009

Со последната измена на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството се воведува нова финансиска мерка за производителите на домати. Станува збор за поддршка за произведени и продадени домати во преработувачки капацитети за производство на доматно пире.

 

За оваа мерка се предвидени се вкупно 12 милиони денари или по 3 денари за килограм предаден домат.

 

Пријавувањето за оваа мерка трае до 5 ноември и се врши во подрачните единици на Министерството за земјоделство. Критериумот е произведени и предадени домати во преработувачки капацитети за производство на доматно пире во период од 1. до 31.10.2009 година.


Тече рокот за поднесување барања за субвенциии за млекото предадено во капацитетите од мај до септември годинава
Дата на објава: 
8 Октомври 2009

Од 5-ти  октомври  земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенционирање на индустриските градинарски култури предадени во преработувачките капацитети, за грозјето предадено во регистрираните домашни винарски визби, за домашно произведениот сертифициран семенски и саден материјал, за произведеното и предадено млеко од мај до септември годинава, како и за одгледани и предадени говеда.

Тече рокот и за аплицирање за финансиска поддршка за гоеници, телиња, набавени приплодни глави говеда, овци, кози, свињи, бројлери и пчелни матици.


Syndicate content