Соопштенија

Осигурување на примарното земјоделско производство
Дата на објава: 
19 Ноември 2009

 

Почитувани,

 

Како продолжение на активностите за подигнување на свеста и зголемување на интересот на земјоделските производители за осигурување на примарното земјоделско производство,  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) организира информативна средба за претставниците на земјоделските производители и земјоделски здруженија, на тема „Осигурување на примарното земјоделско производство“. Информативната средба ќе се одржи на 25 ноември 2009 година (среда) со почеток од 13  часот, во просториите на  Општина Новаци.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
17 Ноември 2009

Министерсот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре, среда,18.11.2009 година, во 10 часот, во  хотел  Метропол во Охрид, ќе го отвори 34 традиционално советување за заштита на растенијата на Република Македонија.

 

Советувањето го организира Здружението за заштита на растенија на Р.Македонија во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,Факултетот за земјоделски науки и храна и стопанските субјекти од областа на земјоделството.

 

На дводневното советување ќе се оддржат неколку секции од областа на заштитата на растенијата,а воведниот реферат се однесува на биолошката заштита на земјоделските култури од штетници и болести и нејзина перспектива во нашава земја.


Состанок на Комитетот за следење на реализацијата на ИПАРД програмата
Дата на објава: 
5 Ноември 2009
SDC10653.JPG

Првиот повик за прибирање на предлог-проектите за искористување на средствата од предпристапната ИПАРД програма на Европската унија ќе биде објавен кон почетокот на идниот месец.


Можности за користење на ИПАРД фондовите во Република Македонија-Стопанска комора на Р.Македонија
Дата на објава: 
3 Ноември 2009
image1.jsp.jpeg

Со цел навремено да  го информира  земјоделско-прехранбениот сектор со финансиските можности  што ги нудат ИПАРД - фондовите. министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Стопанската комора на Р: Македонија организираше работилница на тема „Можности за користење на ИПАРД фондовите“.

 

Интересот на земјоделците и преработувачите за ЕУ средствата е голем, но и познавањата за изготвување бизнис планови се на завидно ниво.


Состанок на Управувачкото тело на ИПАРД со градоначалници
Дата на објава: 
30 Октомври 2009
vlada1.JPG

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска организираше работен состанок на тема „ИПАРД - европски можности за Локален економски развој и улогата на општините во локалниот економски развој.

 

Еден од заклучоците на денешниот работен состанок на Управувачкото тело на ИПАРД фондовите, градоначалниците и нивните претставници беше дека потребна е поголема регионална соработка на единиците на локалната самоуправа за поефикасно користење на ИПАРД фондовите.

 

Локалната самоуправа пројави голем интерес за користење на услугите на советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството  преку нејзините дисперзирани канцеларии, со цел да им се објасни и да им се помогне на земјоделците во користењето на пари од ИПАРД програмата.


Syndicate content