Соопштенија

Министерот Цветков во посета на штипските оранжерии „Еко Оаза Самандов“
Дата на објава: 
13 Декември 2014
2014-12-13_11 37 40.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев денеска ги посети оранжериите на штипската фирма „Еко Оаза Самандов“.

Цветков изрази задоволство од посетата на фирмата, која важи за најголем производител на оранжериско производство во земјава. Од вкупно 240 хектари под стакленици во Македонија, оваа компанија располага со 36 хектари.

- Она што најмногу ме израдува е дека над 80 % од нивното производство оди за извоз. Ова ме охрабрува и ние како Министерство за земјоделство ќе ги направиме сите напори со цел сите финансиски средства кои што ни стојат на располагање да ги искористиме,  како преку Платежната агенција, така и од ИПАРД програмата кои што се доста високи. Имено, во наредните пет години ќе имаме на располагање 106 милиони евра, така што оваа прилика ја користам сите заинтересирани да се јават во Платежната агенција и да конкурираат на огласите за да можеме да ги искористиме овие средства, вели Цветков.


Министерот Цветков во Тирана
Дата на објава: 
14 Ноември 2014
IMG-20141114-WA004.JPG

Министерoт за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска оствари работна средба со  Министерот за земјоделство, рурален развој и управување со водите, Едмонд Панарити, во Тирана,Албанија.
Двајцата министери средбата која ја оценија како успешна каде што беа договорени идните соработки во повеќе области.
Албанската страна изрази интерес кој беше прифатен,македонското министерство за земјоделство да го сподели досегашното искуство со нивното министерство во процесот на евро интеграциите како земја која е во понапредна фаза од тој процес.
Министрите се согласија дека трговската размена меѓу двете земји не е на посакуваното ниви и дека тоа треба да се интензивира преку поблиски средби и соработка на стопанствениците.
Албанскиот министер Едмонд Панарити предложил нивно вклучување во македонската акција „ Ден на дрвото“ со пошумување на меѓуграничен појас.


Оглас за поднесување барање за полагање на стручен испит за проценувачи од областа: земјоделство
Дата на објава: 
7 Ноември 2014

ОГЛАС
за поднесување барање за полагање на стручен испит за
проценувачи од областа: земјоделство
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит за проценувач и кои поседуваат сертификат за завршена обука, да поднесат барање за полагање на стручен испит од областа на:
ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Додаток за превземање: 

ПРЕТХОДНА НАЈАВА
Дата на објава: 
16 Септември 2014
Galerija lozje.jpg

за објавување на Јавен повик 02/2014 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013)

 

Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во текот на месец октомври 2014година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година)


Напредок во изработката на почвена мапа на Република Македонија
Дата на објава: 
21 Август 2014
P8210214.JPG

 

По извршените теренски наоди и истражувања и лабораториските анализи на собраните почвени профили во моментов се работи на комплетирање на процесот на дигитализација на Проектот „Македонски почвен информациски систем“. Очекуваме сите предвидени активности да завршат во определениот рок до јуни 2015 година, информираа на денешниот состанок со министерот Михаил Цветков, експертите од  Факултетот за земјоделски науки и храна и Земјоделскиот институт кои работат на реализацијата на овој Проект.

Проектот „Македонски почвен информациски систем“ во вредност од 340 000 долари се спроведува со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО. Во проектот  учествуваат и Македонската Академија на науките и уметностите, Факултетот за шумарство и Природно-математичкиот факултет во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Syndicate content