Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР
Дата на објава: 
23 Март 2016

Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од  испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 17.03.2016 година) дека на 7 Април 2016 година, со почеток во 08:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот.

На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

 

Воедно се известуваат сите заинтересирани кандидати дека во истиот термин ќе се одржи и полагање на теоретскиот дел од вториот испит за добивање уверение за рибочувар. Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до петок 25.03.2016 година.


ИЗВЕСТУВАЊЕ за полагање испит за добивање уверение за рибочувар
Дата на објава: 
9 Март 2016

Испитот за добивање уверение за рибочувар ќе се одржи на ден 17.03.2016 година со почеток во 10:30 часот, во испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје.

На денот на полагањето кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

Списоците со кандидати за полагање на испитот се во додатокот за превземање.


МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР И ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТОПАНСКИ РИБОЛОВ
Дата на објава: 
2 Март 2016

Прашањата за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, содржани во јавно достапната база, се објавени на следниот линк http://e-prasanja.mk

Прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата потребни за подготовка за полагање на испитите се:

 

-       Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95,12, 164/13, 116/14, 154/15 и 193/15),

Додаток за превземање: 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА РИБОЧУВАР
Дата на објава: 
17 Февруари 2016

Се известуваат сите заинтересирани лица дека на ден 17 март 2016 година, со почеток во 10 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на испит за добивање уверение за рибочувар.

 

За полагање на испитот до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се доставува барање кое содржи:
- Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање, степен на  образование.

Кон барањето за полагање на испитот кандидатот приложува докази за исполнување на следниве услови:
- да е државјанин на Република Македонија и
- да е полнолетен.

Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот.


Јавен конкурс за биодиверзитет
Дата на објава: 
3 Февруари 2016

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10, 23/13 и 149/15), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги за

спроведување на мерки и активности од

Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2011 до 2017 година

Додаток за превземање: 

Syndicate content