|
Јавен Оглас
ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи
Дата на објава: 7 Јули 2017Врз основа на член 60-б од Законот за сточарството (Службен весник на Р.М. бр 07/08, 116/10, 23/13, 149/15 и 39/16), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година (Службен весник на Р.М. бр 192/16) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува
ЈАВЕН КОНКУРС
за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи oд подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2017 година
На јавниот конкурс може да се јават овластени субјекти за спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2017 година.
Деталите од ЈАВНИОТ КОНКУРС се во додатокот за преземање.
Барање за издавање на Дозвола за акумулирање и користење на водите од Оризарска река
Дата на објава: 25 Мај 2017
Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија:
ОБЈАВУВА
Барање за издавање на Дозвола за акумулирање и користење на водите од Оризарска река за водоснабдување на население, индустрија, наводнување на земјоделско земјиште и за хидроенергетски потреби, со изградба на брана „Речани" и пропратни објекти, во општина Кочани.
Согласно член 30 став (1) од Законот за водите (Сл. Весник на Р. Македонија бр. 87/08, 06/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16), до Министерството за животна средина и просторно планирање доставено е барање за издавање на Дозвола за акумулирање и користење на водите од Оризарска река за водоснабдување на население, индустрија, наводнување на земјоделско земјиште и за хидроенергетски потреби, со изградба на брана "Речани" и пропратни објекти, во општина Кочани.
Подносител на барањето:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.13/16 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари
Дата на објава: 26 Декември 2016Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.13/16
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 179 ха 00 ар 62 м2 во регион Велес, регион Виница и регион Струга во Република Македонија со следниве катастарски индикации поединечно по региони:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.14/16
Дата на објава: 17 Декември 2016Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15,7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува:
Јавен ОГЛАС бр.14/16
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 2ха 26ар 36м2 во Катастарска општина Серменин - Регион Гевгелија.
ЈАВЕН ОГЛАС бр.12/16 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари
Дата на објава: 26 Јули 2016Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.12/16
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 602 ха 07 ар 83 м2 во регион Ресен, регион Радовиш, регион Струмица и регион Велес во Република Македонија со следниве карактеристики за секоја целина поединечно во регион:
(ЈАВНИОТ ОГЛАС Е ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 138 НА 26.07.2016 ГОДИНА)
|
|
|