Соопштенија

СООПШТЕНИЕ за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 
21 Октомври 2016

Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун  ќе се одржи на 28 октомври 2016 година, од 12 до 14 часот, во просторијата бр. 2 од Испитниот Центар кој се наоѓа на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала).

 

На денот на полагање на испитот, кандидатите треба да носат документ за идентификација (лична карта или патна исправа) и доказ за извршена уплата на надоместот за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун (уплатница).

 

Трошоците за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ги сноси кандидатот, а уплатата ја врши на следната сметка:

(Уплатницата и списокот на кандидати за полагање на испитот се наоѓаат во додатокот за преземање)


СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН
Дата на објава: 
23 Септември 2016

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 26.09.2016 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 17.10.2016 година, а ПОЛАГАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 28 октомври 2016 година.

 

Заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун треба да достават потпишано барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, кое се наоѓа во додатокот за превземање.

Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) треба да се приложат следните потребни документи:

1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун (заверена на нотар)

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат најмалку свидетелство за завршено средно образование и копија од М1/М2 образец со податоци за работниот стаж и тоа за:


ИЗВЕСТУВАЊЕ за кандидатите за полагање испит за добивање уверение за рибочувар и за уверение за стопански риболов
Дата на објава: 
15 Септември 2016

Испитот за добивање уверение за рибочувар ќе се одржи на ден 21.09.2016 година, со почеток во 10 часот, во просториите на испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1.

Испитот за добивање уверение за стопански риболов ќе се одржи на ден 21.09.2016 година, со почеток во 12 часот, во просториите на испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1.

Кандидатите на денот на полагање задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

Списоците со кандидати за полагање се во додатоците за превземање.


ИЗВЕСТУВАЊЕ за полагање испит за стопански риболов и за рибочувар
Дата на објава: 
31 Август 2016

Испитот за добивање уверение за стопански риболов ќе се одржи на ден 06.09.2016 година со почеток во 10 часот во просториите на испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1.

 

Испитот за добивање уверение за рибочувар ќе се одржи на ден 06.09.2016 година со почеток во 12 часот во просториите на испитниот центар “АСЕКО“ на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1.

 

Кандидатите на денот на полагање задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).

Списоците со кандидати се во додатоците за превземање.


НОВО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА за воведеното ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси
Дата на објава: 
15 Јули 2016
pelister.jpeg

1. Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за  периодот од 06.07.2016 година до 15.08.2016 година во термин од 7.00 часот наутро до 17.00 часот попладне.

Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др).

Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и во субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.


Syndicate content