Новости

Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи, МЗШВ ја следи состојбата
Дата на објава: 
4 Јули 2018
logo_mzsv_9_0.png

Тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се постојано на терен и го следат откупот на лубеници, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Министерот Николовски посочи дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што беше случајот со доматите.

При тоа минстерот потсети дека со цел стабилизирање на пазарот и ублажување на ценовниот шок, минатата година МЗШВ воведе дополнителна субвенција од 2 денари за килограм за лубениците и 6 денари за килограм праски, дополнителни мерки за пченицата, како и за грозјето.

Оваа година, се зголеми на субвенцијата за предадени домати од 3 на 7 денари за килограм, и се постигна договор вишокот домати да го откупат преработувачките капацитети, а се со цел стабилизирање на откупот.


Зајакнување на контролните системи за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата
Дата на објава: 
4 Јули 2018
2.jpg

Денеска официјално заврши Твининг проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата“, финансиран од Инструментот за претпристапна помош ИПА 2012 на Европската унија.
„Обезбедувањето на безбедна и квалитетна храна, е наша стратешка цел, пред се во насока на осигурување на заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, а секако и кон исполнување на европските стандарди, за поголема присутност на македонски земјоделски производи на европските и меѓународните пазари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи на исполнување на сите предуслови за успешен почеток на преговорите со Европската унија. изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто, Љупчо Николовски.


Ќе се објавува јавен оглас за доделување на земјоделство земјиште за сточари
Дата на објава: 
4 Јули 2018
logo_mzsv.png

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за распишување на оглас за доделување за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари, со намена за производство за сточна храна.
Според планот, вкупната површина која ќе биде предмет на јавниот оглас е на 517 хектари и тоа во следните региони во Република Македонија: Берово,
Велес, Гостивар,Дебар,Куманово,Кавадарци,Неготино,Свети Николе,Струмица, Штип и Крива Паланка. Периодот на закуп е во времетраење од 15 години.
Оваа недела се очекува јавниот оглас да биде објавен во Службен весник и во три дневни весници, по што сите заинтересирани ќе можат да конкурираат.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност, а странските правни лица, имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.


Светска банка ја подготвува новата стратегија за партнерство со Република Македонија, земјоделството е приоритет
Дата на објава: 
3 Јули 2018
36596411_10156987741425628_7889950240961200128_n.jpg

Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Република Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори, ова беше тема на денешниот работен состанок на министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.
После неколку години Светска банка назначи одговорно лице за земјоделство во канцеларијата во Скопје, кое од следната недела заедно со МЗШВ ќе работи на анализа на приоритетите кои што може финансиски да ги поддржи во следниот период. За одговорно лице за земјоделство во канцеларијата на Светска банка, е назначена г-ѓа Силвија Маури.


Објавен јавниот оглас за мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините
Дата на објава: 
2 Јули 2018
plate.jpg

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот оглас за мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги повика градоначалниците на сите општини да подготват квалитетни проекти и максимално да ги искористат понудените средства.

„Со ефикасно искористување на овие мерки ќе се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните средини. Наша цел е да обезбедиме достинствен живот за граѓаните од сите општини, да им овозможиме на младите да останат и да работат во своето родно место“, изјави Николовски.

Со цел поголема искористеност на средствата рокот за аплицирање е продолжен на два месеци и трае до 31 август годинава.


Syndicate content