Ј А В Е Н П О В И К бр. 07/12
Дата на објава:
21 Ноември 2012Врз основа на член 25-б од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 42/11. 148/11 и 95/12), по Одлуката бр.22-12261/1 од 19.11.2012 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува
Ј а в е н П О В И К бр. 07/12
за доставување на понуди за давање во закуп
на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари
I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК
Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за подигнати долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за следните катастарски општини:
Регион Гевгелија, катастарска општина: Богданци
Регион Прилеп, катастарска општина: Никодин, Ракле и Топлица
Регион Неготино, катастарски општини: Барово, Бесвица, Брусник, Џидимирци, Прждево, Неготино, Тремник, Корешница, Црвени Брегови и Демир Капија