Ден на дрвото

Date of publication: 
21 October 2009
101_1100.JPG

Во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска беше оддржан координативен состанок со претставници на граѓанското здружение ,,Ден на дрвото,, и од шумарскит факултет во Скопје.На состанокот кој го водеше министерот Љупчо Димовски се договорија конкретни активности кои што треба да се превземат за реализација на граѓанската акција ,,Ден на дрвото,, што треба да се оддржи во средината на ноември годинава.Министерството беше кажано ќе ги координира јавните претпријатија за шуми и за пасишта за изнаоѓање на локации за пошумување,а подрачните единици на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ќе изврши уште една  проверка директно на терен.

 

Во ноемвриската акција ,,Ден на дрвото,, ќе бидат засадени 7,5 милиони дрвца од кои според договореното на денешниот состанок 2,5 милиони треба да се искористат за пополнување на веќе пошумените локации,а 5,5 милиони за подигнување на нови шумски површини.

На состанокот, досегашното пошумување со граѓанската иницијатива ,,Денот на дрвото,,беше оценета како успешна особено што процентот на прифатеноста на младите дрвца изнесува околу 60 насто што според експертите е висока стапка кога се работи за подигнување и за обновување на нови шумски површини.