- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Фармерите од југоисточниот регион се запознаа со условите за добивање средства од ИПАРД програматаDate of publication: 28 October 2009И фармерите од југозападниот ден на Македонија се запознаа со промотивната кампања ,,ИПАРД - европски можности за македонското земјоделство“. На промоцијата која ја организираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство а која се одржа во Струмица присуствуваа стотина фармери од југоисточниот регион. Тие се запознаа со можностите за добивање средства од претпристапните фондови на Европската унија за поддршка на земјоделството.
На производителите и преработувачите на зеленчук и овошје и одгледувачите на добиток и живина од Гевгелија, Валандово, Богданци, Дојран, Струмица и Радовиш им беа објаснети поволностите што ги нудат ИПАРД фондовите наменети за модернизација на земјоделското производство и за негово европеизирање.
Маргарита Делева, државен советник за рурален развој во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и одговорна за имплементација на ИПАРД програмата во Македонија објасни дека за средствата од ИПАРД можат да аплицираат земјоделски производители, одгледувачи на добиток, овоштари, градинари, лозари, преработувачи на зеленчук, овошје и млечни производи, кланични капацитети, нови собирни центри за млеко, како и апликанти кои ќе воведат еколошки стандарди за третирање на отпадот од кланичната индустрија.
Поединечните корисници, додаде таа, можат да аплицираат за добивање финансиска поддршка од пет до 200.000 евра, со средствата да бидат дуолирани, односно да се достигне и до 400.000 евра во случаи на воведување европски стандарди. За големите преработувачки капацитети за одгледување и преработка на живина можат да се добијат финансиски средства и до 3.000.000 евра.
Платежната агенција, преку која ќе се реализираат средствата од ИПАРД, најави дека до крајот на годинава ќе ги објави огласите и условите под кои македонските фармери ќе аплицираат за користење на 60,7 милиони евра од европските претпристапни фондови за рурален развој, заедно со буџетското кофинансирање. |