- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Државна фитосанитарна лабораторијаМисија
ДФЛ обезбедува напредни и квалитетни лабораториски услуги за потребите на целокупниот земјоделски сектор, во делот на контрола на штетни организми, контрола на квалитетот на семенскиот и садниот материјал, контрола на фитофармацевските производи, контрола на резидуите од пестициди и сето тоа во функција на производство на безбедна храна.
Услуги кои се бараат и добиваат од државната фитосанитарна лабораторија
1) Утврдување на здравствена состојба на растенија и дијагностика на нематоди, инсекти, габи, бактерии, вируси и фитоплазми на донесен примерок од: 2) Испитување на квалитет на семенски и саден материјал и издавање сертификат за квалитет 4) Детекција и квантификација на остатоци од пестициди во храна од растително потекло со мултирезидуален QueChERS метод
Специфичност на ДФЛ
ДФЛ како орган во состав на МЗШВ извршува специфични дијагностички испитувања за утврдување на здравјето на растенијата, лабораториски анализи за квалитетот на семенскиот и саден материјал и хемиски тестирања на квалитетот на фитофармацевските производи кои се користат во земјоделскиот сектор, како и контрола на содржината на резидуи од пестициди. Дијагностиката и аналитиката во сите одделенија на лабораторијата се изведува согласно усвоени европски и меѓународни дијагностички ISO, OIV, ISTA, CIPAC методи и EPPO протоколи за работа во соодветната област, од кои осумнаесет се акредитирани. Своите услуги ДФЛ ги обезбедува за потребите на МЗШВ, субјектите во фитосанитарниот систем, компании во приватна сопственост (со основна дејност производство,откуп, дистрибуција и ставање во трговија) и целокупниот земјоделски сектор. ДФЛ реализира блиска соработка со Управата за семе и саден материјал (УССМ) преку учество во сертификација на семенскиот материјал и издавање на сертификати за испитан квалитет согласно Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13 и 187/13) и членство во работни групи за изработка на законски и подзаконски акти. Изготвените мониторинг програми (МП) од Фитосанитарната управа (ФУ) се реализираат во соработка со Државен инспекторат за земјоделство (ДИЗ), каде ДФЛ е имплементатор извршувајќи лабораториски анализи според акредитирани методи. ДФЛ издава извештаи и сертификати со наод, предмет на барањето за анализа. ДФЛ ја надополнува дејноста на УССМ и ФУ, придржувајќи се притоа кон нивната политика за квалитет и подготвува извештаи за Владата на РМ според кои се одредува и безбедноста на произведените примарни замјоделски производи и нивни преработки. ДФЛ е важна алка во синџирот на одредување здравје на растенија и заштита од болести и штетници, задача и обврска на МЗШВ која ја врши согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10 и 51/11). ДФЛ како акредитирана лабораторија согласно МКС ISO/IEC 17025:2006 со вкупно 18 акредитирани методи, е препознаена како реализатор на мониторинг програмата за контрола на резидуи од пестициди во храна од растително потекло од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Факултет за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС), приватни компании, откупувачи и дистрибутери. Како единствена лабораторија со акредитирана метода, ДФЛ ја олеснува контролата за домашните производители и оние извозно ориентирани.
Надлежности
Надлежностите на Државната фитосанитарна лабораторија се определени согласно член 78 од Законот за здравје на растенија („Сл.Весник на РМ“ бр.29/05). Директор на ДФЛ е проф. д-р Сузана Кратовалиева. Лабораторијата е организирана во четири одделенија:
- Одделение за административно техничка поддршка
- Работи од административен и техничко-оперативен карактер во врска со активностите на ДФЛ,
- Одделение за хемиски испитувања
Активностите на Одделението за хемиски испитувања се реализираат во лабораторијата за контрола на квалитетот на производите за заштита на растенија и одредување резидуи од пестициди во примарното земјоделско производство. Статутарните надлежности на Одделението за хемиски испитувања се определени согласно барањата на ЕУ Директивата 91/414 и ЕУ Директивата 788-2012 и вклучуваат: - испитување на содржината на активната супстанца во производите за заштита на растенија - испитување на физичко-хемиските својства во производите за заштита на растенија, - определување на нечистотии во производите за заштита на растенија, - определување резидуи од пестициди во храна од растително потекло.
- Одделение за дијагностика
Одделението за дијагностика се состои од шест лаборатории: - Лабораторија за вирологија, - Лабораторија за бактериологија - Лабораторија за микологија, - Лабораторија за молекуларна дијагностика, - Лабораторија за нематологија, - Лабораторија за ентомологија.
Статутарните надлежности на Одделението за дијагностика се лабораториски испитувања согласно усвоени меѓународни и EPPO протоколи за идентификација и дијагностика на: вируси, бактерии, габи, фитоплазми, нематоди и инсекти, вклучувајќи ги карантинските и регулираните некарантински економски штетни организми кај растенијата.
- Одделение за испитување на семе и саден материјал
Работата во одделението за семе е организирана во две лаборатории: - Лабораторија за испитување на 'ртливост на семе - Лабораторија за испитување на влага и чистота на семе.
Статутарните надлежности на одделението за испитување на семе и саден материјал се анализа на квалитетот на семето и се состои од три основни испитувања: влага, 'ртливост и чистота.
Акредитација на ДФЛ Акредитирани се вкупно 18 методи од кои 4 во Одделението за хемиски испитувања, 10 во Одделението за дијагностика и 4 во Одделението за семе и саден материјал. Методата за анализа на активна супстанца во фитофармацевтски производи е акредитирана со флексибилен опсег, а останатите методи се со фиксен опсег на акредитација. На последната надзорна посета од страна на ИАРМ, ДФЛ е оценета како лабораторија во постојан развоен процес во подобрувањето на системот за управување со квалитет и имплементирањето на нови напредни методи во сите области на дијагностицирање, со што бројката на акредитирани методи се зголемува постојано:
1) CIPAC 637 Thiamethoxam HPLC метод (2012) - CIPAC стандардна метода за определување на содржината на активната супстанца Thiamethoxam во производи за заштита на растенија 18) Правилник за начин на работа, просторната и техничката опременост на овластените лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските растенија („Сл.весник на Р. Македонија“ бр.61/ 2007 година) Прилог 1. Методи за испитување на квалитетот на семето, стр. 54-55, 8. Испитување на маса од 1000 зрна семе.
Адреса: Државна Фитосанитарна лабораторија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ Александар Македонски бб 1000 Скопје
Контакт:
Тел (+389) 02 3290638 Факс (+389) 02 3290843 Пoштански број: 1130 П. фах: 18
Директор
Миодраг Стевановиќ
Прилог кон сертификатот за акредитација на лабораторија за тестирање Одлука за висината на надоместокот за вршење на лабораториски анализи и тестови |