- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектариВрз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.03/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 907ха 19ар 66м2 регион Свети Николе определени како 10 блока. Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас е 29.06.2018 година (Петок) Понудите доставени по овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на ден 02.07.2018 година (Понеделник) во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје со почеток од 10 часот. |