- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУНDate of publication: 23 September 2016Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 26.09.2016 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 17.10.2016 година, а ПОЛАГАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 28 октомври 2016 година.
Заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун треба да достават потпишано барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, кое се наоѓа во додатокот за превземање. Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) треба да се приложат следните потребни документи: 1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун (заверена на нотар) 2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат најмалку свидетелство за завршено средно образование и копија од М1/М2 образец со податоци за работниот стаж и тоа за: -високо образование-две години работен стаж -вишо образование-три години работен стаж или -средно образование-четири години работен стаж. За работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун треба да достави и потврда за времетраењето на работното искуство од фирмата. 3. Доколку кандидатот е производител на тутун треба да ги достави следните документи: - најмалку свидетелство за завршено средно образование и -договори за производство и откуп на тутун на име на кандидатот непрекинато најмалку последните пет години или потврда од откупувачот со кој склучувал договори за производство и откуп на тутун најмалку последните пет години.
Информации за потребната литература за подготовка на испитот може да се најдат во Правилникот за начинот за бодување и потребната литература за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун „Службен весник на Република Македонија“ бр.200/2014. Пречистен текст на Законот за тутун и тутунски производи и Правилникот за мерилата за квалитативна и квантитативна процена на суровиот тутун во лист може да се најде на веб страната: www.mzsv.gov.mk
Прашањата за првиот дел на испитот се објавени во јавната база на прашања.
Електронската адреса за пристап до овие прашања е http://e-prasanja.mk/
Кандидатите кои ги исполнуваат условите за полагање на испит согласно член 26 од Законот за тутун и тутунски производи, ќе бидат известени за времето, местото и уплатата на надоместот за полагање. Додаток за превземање: |