Обука за советници за органско производство

Дата на објава: 
29 Октомври 2015
foto.jpg

Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Зголемување на пазарната вработливост“ имплементирана од Швајцарски контакт , со поддршка на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, организира обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделието.

Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 03 до 07 ноември 2015, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015.

Учество ќе земат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско производство како потенцијални работодавачи од агро-секторот во Македонија.

Обуката се однесува на одгледување и преработка на зеленчук и овошје како и процедурите за контрола и сертификација.

По завршување на обуката, обучените лица ќе може да понудат советодавни услуги на фармерите, сертификациските тела, кооперативите и другите корисници.

Се охрабруваат невработени стручни лица, особено младите лица и жените, да аплицираат за учество на обуката со што би стекнале знаења кои би ги подобриле нивните можностите за вработување или отпочнување на сопствен бизнис.

Кандидатите треба да испратат кратка биографија на: [email protected]

За подетални информации обратете се на: 078-212-388.