Дата на објава:
11 Август 2017Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство активно презема мерки за заштита на шумите од појава на пожарите.
Согласно Законот за шуми, по барање на ЈП Македонски шуми на 11.07.2017 година, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, даде согласност за делумна забрана за движење во шумата или во одделни нејзини делови, во период од 15.07.2017 година до 15.08.2017 година.
Оваа одлука од страна на МЗШВ е донесена пред да отпочне сезоната на шумските пожари. Меѓутоа по активирањето на поголемиот број на шумски пожари низ целата територија на Република Македонија, Министерот Николовски, на ден 05.08.2017 година даде согласност за целосна забрана за движење во шумите или во одделни нејзини делови за периодот 05.08.2017 година до нејзино отповикување.
Владата на РМ во согласност со Законот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба заради превенција и справување со пожарите на подрачјата Македонски Брод и Чашка, од 5.08.2017 година.