Со потпишување на колективен договор до подобри услови за работа и повисоки плати

Дата на објава: 
28 Мај 2018
logo_mzsv.png

Денеска во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се одржа состанок со претставници од Шумската полиција.
На средбата се разговараше за потпишување на Колективниот договор, и при тоа беше договорено да се формира работна група за да се подготви Колективен договор кој што ќе придонесе за поголема ефикасност на Шумската полиција и зголемување на платите на вработените во Шумската полиција. Во Работната група ќе учествуваат претставници од Независниот синдикат на полицијата, Синдикатот на УПОЗ, како и претставници од МЗШВ. Документот кој што ќе произлезе ќе биде потпишан од двете страни.
На денешниот состанок се отвори и прашањето за материјално техничките услови за работа на Шумската полиција. Во таа насока, веќе се спроведува процедура за обезбедување на финансиски средства за купување на униформи за шумската полиција, а во фаза подготовка е и тендер од 1 милион денари за внатрешно уредување на просториите на шумско-полициските станици. Воедно, МЗШВ обезбеди 60 персонални компјутери за шумско-полициските станици и набави сообраќајни елеци вработените во Шумската полиција.