Јавен оглас бр. 03/15

Дата на објава: 
10 Август 2015

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15 и 98/15), а врз основа на Одлука за давање на согласност на јавен оглас бр.03/15 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање  (“Службен весник на Република Македонија“ бр.133/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Јавен ОГЛАС бр.03/15

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина  од  4565ха 07ар 24м2 и  тоа за следните региони во Република Македонија:

 

Р.бр.

Регион

ха

ари

м2

1

СВЕТИ НИКОЛЕ

4484

51

75

2

СТРУГА

16

00

00

3

РЕСЕН

25

51

59

4

СТРУМИЦА

39

03

90

СЕ ВКУПНО

4565

07

24

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: