- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Цветков на Форум во БукурештDate of publication: 29 October 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков учествува на Форумот за соработка во областа на земјоделството помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Обраќајќи се на Форумот, министерот Цветков истакна дека Владата на Република Македонија интензивно работи на создавање поволна клима за инвестирање на заинтересирани странски компании, притоа обезбедувајќи техничка помош и административни олеснувања за реализација на инвестицијата. Форумот е во организација на Министерството за земјоделство и рурален развој на Романија, во рамките на меѓународниот саем на производи и опрема за земјоделството, градинарството, лозарството и сточарството - ИНДАГРА 2014 година во Букурешт. Министерот Цветков денеска ќе оствари средба и со домаќинот заменик претседател на Владата на Романија и министер за земјоделство и рурален развој Даниел Константин со кој ќе разговара за соработката и размената на искуства во процесот на евроинтеграциите на нашава земја. Покрај повеќето средби со своите колеги од Централна и Источна Европа министерот Цветков треба да оствари и билатерална средба и со министерот за земјоделство на Република Кина, Хан Чанфу со кој треба да разговара за натамошно унапредување на трговската размена и воопшто билатералната соработка меѓу двете земји. Република Македонија и Народна Република Кина имаат потпишано Протокол за фитосанитарни услови, со што е овозможен извоз на македонскиот ароматичен тутун на кинескиот пазар, а по извршената мисија на надлежните инспекциски служби од Кина во Република Македонија наскоро се очекува листата на извозни производи во Кина да биде проширена и со млечни и месни производи. |