- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеDate of publication: 9 July 2014Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и Државниот секретар Бесир Јашари денеска во министерството за земјоделство се сретнаа со директорот на водостопанство Кумановско-Липковско Поле, Филип Филиповски, директорот на ЈП Водовод Куманово, Горан Стојковски и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како и пратениците во собранието на Р Македонија од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски и Реџаил Исмаили при што разговараа за актуелниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. На состанокот присутните се договорија за цена на водата од 4,8 денари за метар кубен вода со ДДВ, која беше прифатлива за двете страни и се постигна со посредство на министерот Цветков. Со овој договор всушност се реши долгогодишниот проблем со водоснабдување на општина Куманово. Исто така присутните се договорија со помош на програмите на министерството за земјоделство да се извршат зафати на хидро системот Кумановско Липковско поле за санација и ревитализација на истиот. Водостопанство Кумановско Липковско Поле превзема обврска за непречена дистрибуција на вода преку алтернативни цефководи, а ЈП Водовод Куманово превзема обврска за редовно плаќање на фактурите согласно заеднички договорената цена и сервисирање на старите долгови спрема водостопанство Кумановско Липковско Поле. |